Трипуновски- За 6 години во државата имаме 100.000 крави помалку, а увозот на млеко и млечни производи е зголемен за над 100%
Млекото се откупува за 20 денари, а се продава за 85 денари.
Втора недела по ред СДС со паушални прес конференции се обидува да ја замајува јавноста.
Втора недела по ред од СДС држат прес конференции за исплата на субвенциите за млеко, тоа е поради недостиг на проекти, реформи и реално решавање на проблемите на земјоделците.
Но, фактите го говорат спротивното. Имено, во рок од 6 години во државата имаме 100.000 крави помалку, увозот на млеко и млечни производи е зголемене за над 100%, а субвенциите со кои се фалат за литар млеко што сега ги дадоа доцнат цели 18 месеци.
И сето ова е поради погрешните политики на владата.
Дополнително, млекото се откупува за 20 денари а се продава за 85 денари, што значи дека некој свесно го јаде трудот на млекопроизводителите, вели Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ, додавајќи дека земјоделците буквално едвај преживуваат и токму затоа мора да има промени.