fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски: За 6 месеци се исплатија над 4,3 милијарди денари за субвенции

Само во изминатите два дена биле исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година.

Грижата кон македонските земјоделци ја покажуваме на дело, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Потсети дека во изминатиот период Владата на Република Македонија со ребалансот обезбедила над 1.250.000.000 денари со цел да се исплатат заостанатите обврски кон македонските земјоделци.

„Работевме напорно, изминатите 6 месеци и ги исплативме сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари. А, претходните два дена исплаќавме субвенции за тековната 2024 година.

Над 294 милиони денари кон 4.533 производители за кравјо, овчо и козјо млеко се исплатени субвенциите за првите 6 месеци од тековната 2024 година. Околу 83 милиони денари кон 10.727 македонски земјоделци е исплатена мерката 1.4 Директни плаќања за обработлива земјоделска површина. Над 392 милиони денари кон 23.626 земјоделци за мерката 1.1. Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури. Над 233 милиони денари денари кон 9.172 македонски земјоделци за мерката 1.2 Дополнителни директни плаќања за подмерка 1.1 за употреба на сертифициран семенски материјал. Околу 118 милиони денари кон 8.729 земјоделци за мерката 1.8 односно Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади. 146 милиони денари кон 13.412 земјоделци, корисници на мерката 1.11 Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади. Околу 417 милиони денари кон 8.680 македонски земјоделци за сточарско производство од Програмата за 2024 година“, посочи Трипуновски.

Нагласи дека за изминатите два дена биле исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година.

Според него, за изминативе 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close