fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ-Економијата расте а граѓаните имаат повеќе пари

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Буџетот за 2022 година, информираше денеска на прес конференција пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Буџетот за 2022 година, информираше денеска на прес конференција пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски
Граѓанскиот буџет има силна развојна компоненета за создавање амбиент за севкупен развој на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Обезбедуваме непречена грижа за заштина на здравјето на населението, економски раст, зголемување на инвестициите, поддршка на реформите во правосудството и евроатлатските интеграции.  Секако, еден од аспектите на Буџетот е обезбедување средства за соочување со предизвиците од глобалната енергетска криза и заштита на граѓаните и фирмите.
Продолжуваме со намалување на тековните расходи, кратење на неприоритетни и несуштински трошоци, а највисоко учество во буџетските расходи имаат капиталните инвестиции.
Капиталните инвестиции изнесуваат 37,8 милјарди денари што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.
Средствата ќе бидат наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициските вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот, социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштита на животната средина и правосудството.
Почитувани,
Во третото тромесечје Бруто домашниот производ бележи раст од 3 отсто.
Сериозен раст има и извозот кој во периодот јануари – октомври е зголемен за 29 отсто во споредба со истиот период од 2020 година.
Сето ова се податоци кои ја покажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

 

Економијата е подготвена да се соочи со сите предизвици како глобалната енергетска криза и пандемијата и да ги заштити граѓаните и компаниите – рече Каевски
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close