fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Трипуновски-Земјодеците едвај врзуваат крај со крај

Жетвата е во тек, а цената на јачменот е мизерни 9 денари, што не може да ги покрие ни реалните трошоци на производителите, а не пак да зборуваме за достоинствен живот на нивните семејства. И покрај вака ниските цени истите едвај наоѓаат откуп. Слична ситуација ќе се преслика и со пченицата.

Фејсбук објава на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ:

„Секоја сезона СДС со истите лажни ветувања и големи планови за земјоделството. Вистината е дека со оваа власт на ДУИ и СДС земјоделството го има се помалку во Македонија. Нека излезат слободно од своите канцеларии меѓу земјоделците и ќе се уверат.

Субвенциите се уште не се исплатени, а земјодеците едвај врзуваат крај со крај.

Жетвата е во тек, а цената на јачменот е мизерни 9 денари, што не може да ги покрие ни реалните трошоци на производителите, а не пак да зборуваме за достоинствен живот на нивните семејства. И покрај вака ниските цени истите едвај наоѓаат откуп. Слична ситуација ќе се преслика и со пченицата.

Тоа што нема нови инвестиции во водостопанството, веќе и не е вест. Но катастрофата да биде поголема во моментов над 5000 хектари земјоделско земјиште во општините Росоман и Градско е без наводнување, затоа што власта на ДУИ и СДС не се способни да санираат дефектот.

Погубните политики на власта ја направиjа Македонија комплетно увозно зависна од храна.

Ова се резултатите на ужасната земјоделска политика на СДС и ДУИ. Нивните големи зборови веќе 7 години се само обично мртво слово на хартија. Колку побрзо оваа власт си замине, толку подобро и за земјоделците и за земјоделството“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close