fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецРурална ЖенаТоп вести

Трипуновски – Се очекува подобрување на конкурентноста на земјоделските задруги

Потребно е зајакнатото учество на младите и жените во развојот на земјоделството

Резултатите од проектот „Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор – конкурентни земјоделски задруги“ финансиран ЕУ – ИПА програмата е во завршна фаза.

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски вели дека –

По реализација на предвидените проектни активности, се очекува подобрување на конкурентноста на земјоделските задруги во земјоделскиот сектор во државата преку промовирање на соработката помеѓу земјоделците вклучувајќи го и зајакнатото учество на младите и жените во развојот на земјоделството.
Од моето стапување на местото министер се залагам за зајакнување на земјоделските задруги бидејќи токму тие се форма на здружување, преку која земјоделците можат да станат конкурентни и претпознатливи на пазарот.
Во таа насока се измени Законот за земјоделство и рурален развој, а се донесе и „Правилникот за формата, содржината, начинот на запишување, потребната документација и бришење во евиденцијата на земјоделски задруги“, со кој ќе се регулира постапката за запишување на земјоделските задруги во Евиденцијата на земјоделски задруги која се води во Секторот за рурален развој, Одделение за земјоделски задруги.
Во името на Владата изразувам благодарност до Делегацијата на Европската унија за нивната континуираната поддршка во реформирањето на земјоделскиот сектор, со цел истиот да зајакне и да може да одговори на предизвиците кои доаѓаат од нестабилноста на светската економија, климатските промени и социо-демографските трендови.

Слични написи

Back to top button
Close