fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

АХВ: Засиелни мерки кај живината има опасност од птичји грип

Одгледувачите на живина, ветеринарните и ловните друштва да ги засилат биосигурносните мерки на фармите и надзорот кај дивите птици поради опасноста од пренесување на вирусот на птичји грип во земјава преку преселните птици, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Болеста е присутна кај домашните и дивите птици во Западна Русија и Северен Казахстан, каде во одредени области престојуваат неколку видови птици преселници, пред да се преселат во области каде презимуваат, а кои вклучуваат и делови од Европскиот континент.  Живината и другите птици да се држат на начин со кој ќе се ограничи нивното движење надвор од живеалиштата, а одгледувачите треба да внимававаат и да се спречи контакт на домашната живина со дивите птици. Од особена важност е да не се врши поење и хранење на живината во дворовите, за да не се привлече вниманието на дивите птици – велат од АХВ.

Од Агенцијата додаваат да се внимава во јатата да не се внесува живина со непознат здравствен статус, а до надлежното ветеринарно друштво или официјалните ветеринари да се пријави промената во здравствената состојба на живината или зголемената смртност. Забрането е хранење на живината и другите домашни животни, првенствено кучиња и мачки со остатоци од диви птици зошто секој остаток од нив се третира како потенцијален извор на Авијарна инфлуенца.

Бидејќи станува збор за болест која најчесто се шири преку птиците преселници, кои се сметаат за нејзин резервоар, за да се намали ризикот од појава или нејзино пренесување во земјава, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до ветеринарните и ловните друштва да го засилат надзорот, со вадење на крв од живината и земање на брисови за навремено тестирање на мртви и болни диви птици.

– Се препорачува да се врши дезинфекција на превозните средства за живина и диви птици, јајца за ведење, производи и нус – производи од живина и мрши. Бидејќи дивите птици се главни преносители на болеста, ловџиите по враќање од лов треба задолжително темелно да се измијат пред да стапат во контакт со живината која ја одгледуваат, а облеката која ја носеле кога биле во лов да не се користи кога се работи на фармата – велат од АХВ.

Авијарната инфлуенца е болест која задолжително се пријавува и затоа во најкраток можен рок, до надлежното ветеринарно друштво или официјалниот ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство одгледувачите на живина да пријават зголемена смртност или појава на клинички знаци на болеста во јатата, а ловџиите зголемена смртност кај  дивите или водните птици.

Птичјиот грип е зооноза и од неа, првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето. Болеста предизвикува големи економски загуби во живинарството, а кај  птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, птичјиот грип предизвикува висока стапка на смртност. Од живината најчесто заболуваат кокошките и мисирките, а кај патките и гуските се развиваат само благи симптоми на болеста.

Извор:Плусинфо

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close