fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Турската компанија ќе инвестира во ИЗ „Жабени“, доаѓа фирмата за лифтови „ARLIFT“

Потпишаниот документ, има за цел да ја зајакне воспоставената добра соработка помеѓу Битола и Измир, за што потврдува и првата инвестиција од Измир, односно Турската компанија за производство на лифтови „ARLIFT“, која заедно со бизнис партнери од Битола, одлучи да инвестира во Индустриската зона „Жабени“, после презентацијата на инвестициските можности, од страна на директорот на зоната, Владо Талевски, во ноември минатата година.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и Претседателот на Индустриската зона „Тире“ и потпретседател на Стопанската комора на Измир, Метин Акташ, потпишаа протокол за соработка помеѓу зоните „Жабени“ и „Тире“ . Ваквата соработка значи зајакнување на деловните односи помеѓу зоните, како и промовирање, проширување и подобрување на економската соработка преку трговија и инвестиции меѓу нивните соодветни деловни заедници.
Страните меѓусебно ќе помагаат и ќе придонесат кон поттикнување и проширување на комерцијалните и трговските врски меѓу претприемачите од двете земји, ќе помагаат во склучувањето на билатерални заеднички инвестициски шеми и нивно учество во трети земји. Таквата помош ќе се прошири и на консултантски услуги, а индустриските зони меѓусебно ќе си помагаат и во организацијата и учеството на национални изложби, меѓународни трговски саеми, специјализирани изложби, економски и технички саеми, информативно биро, симпозиуми, конференции или слични настани што се одржуваат во нивните зони со цел да се подобри и прошири економската соработка.
Потпишаниот документ, има за цел да ја зајакне воспоставената добра соработка помеѓу Битола и Измир, за што потврдува и првата инвестиција од Измир, односно Турската компанија за производство на лифтови „ARLIFT“, која заедно со бизнис партнери од Битола, одлучи да инвестира во Индустриската зона „Жабени“, после презентацијата на инвестициските можности, од страна на директорот на зоната, Владо Талевски, во ноември минатата година.
Градоначалникот на општина Битола, за време на посетата на Турција, се сретна и со градоначалникот на Измир, Џемил Тугај и градоначалникот на Тире, Хајати Окуроглу, со кои беа разменети искуства од досегашното работење, а беа претставени и идните планови за економски напредок на градовите.
Покрај градоначалникот на општина Битола, делегацијата од Пелагонискиот регион, која ја посети Турција, ја сочинуваа и градоначалниците на Прилеп и Новаци, како и претседателите на Стопанските комори од Битола и Прилеп, директорот на индустриската зона „Жабени“ и други претставници на деловната заедница.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close