fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите со порака-Од промените во земјоделието единствено се менуваат министрите како партиски функционери

Тутунарите со реакција за денешната посета на министерот за земјоделие  Љупчо Николовски во Прилеп

Зелена берза ви ја пренесува реакцијата на новоформираните тутунарски здруженија  во врска со денешната посета на министерот за земјоделие  Љупчо Николовски на Прилеп.

Денес во посета на Прилеп бил министерот за земјоделство Николовски, кој наместо да оствари средба со повеќе категории на земјоделците од кои од прва рака би се запознал со проблемите со кои тие се соочуваат, тој на настан со неколкумина земјоделци доделил договори за закуп за земјоделско земјиште. Па, би го прашале министерот – што би работеле земјоделците на оваа земја?

-Тутун? Знаете ли министре дека тутунот го работиме со загуба? Просечната цена едвај достигна 195 денари, а килограм произведен тутун во оваа реколта тутунарите ги чини 217 денари?

-Житни култури? Знаете ли министре дека пченицата и јачменот ни ги откупија за мизерни 10 денари? Свесни сте дека и овие култури ги работиме со загуба?

-Истото се случува и со оризарите, овоштарите, лозарите, сточарите, но за жал вие не сакате да се сретнете со земјоделци и здруженија кои ќе ви ја кажат вистината во очи, туку се среќавате со „избрани“ земјоделци кои ви го кажуваат она што вие сакате да го слушните.

Почитуван ланската 2021 година како и неколку претходни години ја завршивме со загуби во секој сектор, а новата реколта ни е на прагот, па како министер би ве прашале како да ја отпочнеме?

-Со зелена нафта која не ја добиваат тутунарите и сточарите и која достигна преку 70 денари, a која и понатаму ќе расте?

-Со ѓубрива кои се покачени за 300% во споредба од лани?

-Со репроматеријали и препарати за заштита покачени за 100%?

-Со празни акомулации за наводнување?.

Затоа почитуван министер, погрешните политики во овој сектор нас земјоделците не уништија и ни требаат промени, но за жал она што се променува во земјоделието во овие неколку години е само  министерот како партиски функционер, за 4 години се променети тројца министри кои за жал наместо да облечат чизми тие со лакирани чевли шетаат по црвени килими, наместо по полињата. Штетата од сето тоа не ја трпат само земјоделците туку и цела држава.

И за крај, не се плашете да се сретнете со вистинските земјоделци од нив има многу што да научите.

Со почит, Од новоформираните тутунски здруженија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close