fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Тутунарите вкупно ќе добијат 465 денари за прва класа тутун за реколтата 2023

Буџетот за поддршка на тутунарите е 26 милиони евра, велат од МЗШВ

МЗШВ заедно со тутунарите во декември минатата година  договори зголемување за 20 денари на субвенциите, по класи предаден тутун. Мерка која навремено беше вградена во програмата за директни плаќања за 2024 година. Уште тогаш на тутунарите им беше соопштено дека на располагање повторно и оваа година го имаат истиот буџет од 26 милиони евра, како поддршка од државата.

Најпрвин кон крајот на 2023 година, кога Тутунскиот Комбинат ја зголеми цената за 10% и потоа во февруари оваа година уште едно зголемување на откупната цена. Денес имаме рекордна, до сега највисока откупна цена на тутун од 365 денари по килограм тутун. Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот добива и 100 денари по килогам предаден тутун за прва класа или вкупно 465 денари за прва класа тутун.

-Ние сме министерство за оваа година, креиравме нови мерки за поддршка на тутунарите. Основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Сите тутунопроизводители од оваа година, покрај субвенционирањето по класи, ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци, да аплицираат и пријават површини по хектар. На тој начин се стекнуваат со право за користење на оваа нова мерка. Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар, велат од МЗШВ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close