Тутунски комбинат од Прилеп со загуба од 232,2 милиони денари за девет месеци

(Oвој напис е објавен на: November 15, 2018)

Тутунски комбинат од Прилеп, во периодот јануари – септември оваа година, прикажа загуба во висина од 232.241.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата евидентираше загуба од 3.650.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 30-ти септември оваа година беа на ниво од 889.806.000 денари. На домашен пазар од тој износ се остварени 117.529.000 денари, додека поголемиот дел од 772.277.000 денари е реализиран на пазари во странство.

 


 

bi.mk

Share Button