
Уапсен директорот на Државниот земјоделски инспекторат, наводно го фатиле додека земал 50.000 евра рушвет
После Илија Стоилев, падна уште еден функционер во земјоделие за мито
Вечерва полицијата и службите за борба против организираниот криминал и корупцијата уапсиле актуелен директор на државна институција, кој, според информациите што ги објавија медиумите, наводно е фатен додека прима 50.000 евра како поткуп. Дел од медиумите неофицијално објавија дека станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, но ова засега не го потврдуваат од ОЈО ГОКК
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја потврдија акцијата.
„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“, велат од Обвинителството.
Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.
Се очекуваат повеќе информации по завршување на акцијата.




