Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Убава вест – Дополнителни 2 милиони денари за жените земјоделки

Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност

Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за поддршка на жртви на родово и семејно насилство.

Средствата се обезбедени преку прифаќање на два амандмани во рамки на денешната амандманска расправа во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Во Комсијата за финансирање и буџет се разгледуваат Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година. Расправата во Комисијата како матично тело може да трае до 10 дена. Општата расправа започна на 3 јули, и по тридневна расправа во Комисијата започна амандманската распава. Поднесени се вкупно 224 амандмани.

Поврзани новости

Back to top button