fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Убава вест!-Побрз поврат на персоналниот данок кај земјоделците!?

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска најави дека ќе се направат дополнителни напори за да се забрза повратот на персоналниот данок на доход кај земјоделците.

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска најави дека ќе се напарават дополнителни напори за да се забрза повратот на персоналниот данок на доход кај земјоделците. Тоа, како што рече, ќе се реализира во координација со УЈП и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Бесими, одговорајќи на пратенички прашања, рече дека во процедура е и постапката за обесштетување на земјоделците од Неготино и Кавадарци. Според проценките, како што информира, штетите во Кавадарци изнесуваат 51,4 милиони денари, а во Неготино 163,5 милиони денари.

 

-За штетите во Кавадарци и Неготино Владата на 27 декември донесе одлука да се надоместат делумно, како што е предвидено со Законот. Министерството за финансии веќе постапува по тој заклучок и има пратено до Владата Предлог-одлука за исплата на надоместот за овие две општини. Во процедура е и брзо ќе се реализира, на првата следна седница идната недела или на една од наредните седници, истакна Бесими.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close