fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

„Синпекс“ Битола се продаде или се ребрендира!?

Минувачите љубопитни на големите промени, се прашуваат дали компанијата „Синпекс“ која е во приватна сопственост, се продаде или само се ребрендира, бидејќи на објектот веќе ја нема познатата зелена боја која ја симболизираше оваа компанија застапник на големите брендови за земјоделска механизација Џон Дир и Тафе. Она што боде очи на минувачите е што денес, во дворот на комплексот,  доминира црвената боја на „ЕМТОП“. Од тука минувачите се прашуваат дали „Синпекс“ има нови газди, или само воведе измени кај постојните трговски марки, односно се ребрендира.

Познатата битолска компанија „Синпекс“ Битола денес предизвикува внимание кај битолската јавноста откако објектот на Краварски пат осамна прекриен со црвено платно брендирано од „ЕМТОП“.

Минувачите љубопитни на големите промени, се прашуваат дали компанијата „Синпекс“ која е во приватна сопственост, се продаде или само се ребрендира, бидејќи на објектот веќе ја нема познатата зелена боја која ја симболизираше оваа компанија застапник на големите брендови за земјоделска механизација Џон Дир и Тафе. Она што боде очи на минувачите е што денес, во дворот на комплексот,  доминира црвената боја на „ЕМТОП“. Од тука минувачите се прашуваат дали „Синпекс“ има нови газди, или само воведе измени кај постојните трговски марки, односно се ребрендира.

Љубопитноста е особено голема кај фармерите за кои „Синпекс“ Битола е синоним за земјоделска механизација и квалитетна услуга.    Компанијата на чие чело е семејството на основачот Славко Петровиќ, постои веќе 34 години на пазарот и застапува преку 20 врвни светски брендови со кои успешната соработка се мери во децении.

Испративме прашања до sinpeks-shop.mk Битола, но се уште не добивме одговори на што се должи промената.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close