fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Производителите на костани годинава имаа солидна заработувачка

Костените не бараат многу работа

Секогаш може подобро, но за производителите на костени, оваа сезона беше солидна. Велат дека родот не беше лош, а костените веќе ги продале. Некој ги продава на големо, некој на мало, а цените варираат.

Костените најчесто се застапени во западниот дел од државата и насадите се стари со децении. Семејствата си обезбедуваат дополнителни приходи за домашниот буџет од продажбата на костени.

„Годинава не беше одлична, но може да се каже дека беше добра. Костените веќе ги продадов. Ако велиме дека годината е добра, тоа значи плодовите да не се ситни и да не ги нападнале штетници, затоа што купувачите бараат квалитет. Најбарани се во ноември, декември, јануари. Јас поседувам 10 до 15 стебла костен. Некои се млади, некои се постари садници кои имаат и над 50 години, а некои се постари и од мене. Сите даваат различен род, но од тие стебла може да имам 150, 200 или 250 килограми костени, зависи од годината. Костените не бараат многу работа, а за собирање се ангажираме со семејството“, вели Драге Аврамовски од гостиварско Вруток за Фактор.

Билјана Столеска поседува насади во Порече. Вели дека се останати од постарите генерации, а костените веќе ги продале.faktor.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close