fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Уште една недела до крајниот рок за пријава за субвенциониран оброк

Секој студент што ги исполнува условите – да е државјанин на Македонија, да не е регистриран земјоделец и да има приходи помали од минималната плата, може да добие по 120 денари дневно

Помалку од една третина од планираните студенти аплицирале за мерката субвенциониран студентски оброк, со која можат да добијат финансиска поддршка од околу 2.400 денари месечно, за 8,5 месеци во годината. Како што информираат од Министерството за образование и наука, досега електронски се пријавиле повеќе од 12.600 студенти, а според процените на оваа институција, ова право им следува на околу 40.000 студенти, за што се обезбедени 15 милиони евра.Студентскиот субвенциониран оброк треба да се исплаќа секој месец на трансакциската сметка на студентот, во износ кој е еднаков на 120 денари на ден, за секој работен ден во месецот освен за државни, верски празници и неработни денови. Ова право студентот нема да може да го остварува во периодот од 1 јули до 14 септември.

Аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк започна на 1 август и во согласност со јавниот повик, трае до крајот на месецот за тековните студенти, додека студентите од новата академска година и оние што не го запишале летниот семестар, може да се пријават до 31 октомври. Аплицирањето се спроведува електронски со прикачување два документа – пријава и изјава за обработка на лични податоци, а се наведуваат и податоци од трансакциската сметка на студентот.

Право да аплицираат имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и на приватните универзитети, кои се државјани на Република Северна Македонија. Притоа, не треба да бидат во редовен работен однос, да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по која било основа поголем од минималната нето-плата што годинава изнесува 15.194 денари.https://www.slobodenpecat.mk/ushte-edna-nedela-do-krajniot-rok-za-prijava-za-subvencioniran-obrok/

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close