fbpx
ВестиТоп вести

Уште 5 дена пријавување за субвенции за органско производство

До 25-ти декември органските производители можат да поднесуваат барања за субвенции. Пријавувањето е во подрачните единици на Министерството, а парите се наменети за поддршка за одредени активности во производството и во тргувањето со органската храна.

До 25-ти декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органските преработки и за нивната продажба.

Органските фармери, може да аплицираат за субвенции за органските производи, за нивна преработка, доработка и пакување а субвенцијата изнесува два проценти од вредноста на продаденото до најмногу 150.000 денари по корисник.

Со пет отсто или до 150.000 денари се подржува и трговија или извозот на свежи и преработени органски производи и преодот од неорганско во органско производство.

Трошоците за стручната контрола и сертификацијата државата ги покрива со 50 проценти, а со 70 за анализи на својствата на почвата, односно откривање на остатоци од пестициди, тешки метали и други штетни материи.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close