fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од Кочани почнува теренска кампања за запознавање на земјоделците со новите мерки

Оризот ја има највисоката откупна цена досега

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски откако ја посети компанијата за откуп, преработка и пласман на ориз „Левидиагро“ во Кочани, при што го претстави новиот модел за поддршка на земјоделските производители.

Мерките коишто се дел од Програмата за рурален развој, што беше усвоена на последната владина седница, ги вклучуваат барањата на земјоделците од кочанскиот регион и се однесуваат на оризот, но и на другите земјоделски култури.

-Во нашите програми нема повеќе 90 различни култури, туку се фокусираме на она што е значајно за државата со цел да произведеме повеќе домашна храна, да ја предадеме во преработувачките домашни капацитети, на долг рок да го зголемиме производството и да го намалиме увозот. Во Програмата за рурален развој усвоена е мерка со која ги помагаме откупувачите и преработувачите на бел ориз при трошоците за амбалажа и за откуп наменет за извоз. Поддршката од оваа мерка изнесува 2,5 денари за пакување во најлонска амбалажа од 500 грама, потоа пет денари за пакување во најлонска амбалажа за килограм и 10 денари во пакување со хартиена амбалажа до еден килограм бел ориз. Денеска од Кочани дека почнуваме голема кампања за теренски средби каде што ќе ги запознаваме земјоделците со повиците, со мерките, со начините како и кога да аплицираат, а во кампањата ќе бидат вклучени и нашите социјално-економски партнери, Агенцијата за поддршка на развој на земјоделците, структурите на Министерството и сите засегнати страни. Гледаме дека без никакви проблеми се одвива и откупот на оризот и ја имаме досега и највисоката откупна цена на оризовата арпа која се движи од 30 до 36 денари за килограм, истакна министерот Николовски.

Покрај редовните субвенции за оризопроизводителите, Министерството за земјоделство ќе продолжи со другите мерки за поддршка, пред сè за набавка на нова механизација, односно специјализирани комбајни и сушари за ориз.

-Новина е што за зголемена поддршка на земјоделците на кои главна дејност им е земјоделското производство, креиравме мерка за нов бизнис план што ќе биде отворена од 15 март до крајот на ноември. Ја менуваме суштината на инвестициската Програма за рурален развој, со што во текот на целата година, во кој било момент, земјоделците кои потпаѓаат под ова категорија ќе можат да аплицираат без да чекаат повици и рокови. Секогаш кога ќе бидат подготвени, ние сме овде да им помогнеме, ќе можат да аплицираат за грант од 10 илјади за поддршка на нивната инвестиција. Во нивниот бизнис план тие ќе треба да побараат и кажат што е тоа што им е потребно, дали е опрема или друг вид инвестиција, а за оваа мерка издвојуваме 120 милиони денари, но подготвени сме во текот на годината таа да биде надополнета, додаде министерот Николовски.

МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close