fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Општините и државните институции должат 600 милиони евра

Никој нема одговор дали овие државни субјекти се задолжувале оправдано, затоа што никој не контролира.

Јавни и државни претпријатија, општини, болници, училишта, каде што партиите на власт ставаат на раководни функции свои кадри, пријавиле дека имаат долгови од вкупно 617,5 милиони евра, според последните податоци од Министерството за финансии. Пријавиле доспеани долгови за 2021 година, што не ги платиле, милионски суми што ќе дојдат до последниот ден на таа фискална година, а пријавиле обврски што доспеваат оваа и следната година, пишува СДК.

Никој нема одговор дали овие државни субјекти се задолжувале оправдано, дали морало толку, како ги трошеле парите, дали имало злоупотреби, затоа што никој не контролира. Нема целосна контрола ни како располагаат со парите со кои централната власт ги помага општините и претпријатијата да не банкротираат.

На листата должни јавни претпријатија, општини и државни институции прво е АД „Македонски енергетски ресурси“, фирмата што го гради гасоводот, со доспеан долг во декември од 83 милиони евра, плус најавени за до крајот на 2022 година неплатени уште 20 милиони евра, и вкупно должи 103 милиони и 400 илјади евра.

Според табелата, со чест на исклучоци, меѓу над илјада вакви државни и општински институции, не се добива впечаток за домаќинско трошење. Никој не знае како успеале толку да се задолжат државните и институциите на локалната самоуправа, но барем законот што се подготвува, најавува контрола како ги менаџирале парите што им ги дала државата и што ќе им ги дава во иднина за да ги спасува од презадолженост.

На платформата ЕНЕР осамна Предлог закон за финансиска инспекција во јавен сектор, правен по европска регулатива, кој вели дека се активира финансиски инспекторат кој ќе истражува исклучиво – како институциите ги трошат буџетските пари.

Овие инспектори не само што ќе работат по пријава и докази од граѓани, фирми и вработени (свиркачи) од институциите кои работат со средства од државниот буџет, од буџетот на општините, со пари од европските фондови, туку ќе влегуваат во контрола и по службена должност.

Финансиските инспектори во јавниот сектор ќе имаат овластување да блокираат банкарски сметки на јавни претпријатија,општини, министерства… ако утврдат неправилности и противзаконско работење, за што ќе поднесуваат прекршочни пријави и докази до обвинителството ако најдат злоупотреби со народните пари. Обвинителството ќе биде должно на Финансиската инспекција да ѝ одговори за 5 дена.https://sdk.mk/index.php/naslovna/opshtinite-i-drzhavnite-pretprijatija-dolzhat-nad-600-milioni-evra-doprva-ke-se-nosi-zakon-za-finansiska-inspektsija-kako-gi-troshele-narodnite-pari/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close