fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

с

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој краткотрајно ќе засилува и ќе е претежно од југозападен правец. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен источен ветер. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 Целзиусови степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close