fbpx
Вести

Заврши проектот за адаптација на земјоделството кон климатските промени

zemjodelstvo

Со посета на овошни насади кои користат системи за наводнување капка по капка со современа технологија и методи, денеска заврши проектот “Зголемување на сигурноста за производство на храна од страна на малите земјоделци во Рурална Македонија”, кој изминативе месеци го реализираше Фондацијата за поврзување на природните вредности и луѓе во соработка со локални и интернационални експерти од холандскиот универзитет во Вагенинген. Во рамките на овој проект преку серија обуки на 15 советници од АПРЗ им се овозможи да го унапредат своето знаење за интегрираните пристапи во стопанисувањето со вода и земјиште, како и адаптирање на климатските промени за да обезбедат соодветни совети за малите земјоделци.

Проектот предвидуваше и студиско патување во Турција, односно посета на фарма која има повеќе од 150 вработени, со цел да се увиди начинот на работа и функционирање и како малите земјоделци да обезбедат приход на долгорочно ниво.

Проектот е финансиран од NUFFIC – Холандската програма за стипендии во рамките на кој ќе биде изготвен и курикулум на соодветно одбрани теми, преку кој советниците стекнатото знаење ќе го пренесат на земјоделците во Македонија.


 

мегатв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close