fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Утре истекува рокот за аплицирање за мерката 3 од ИПАРД 2

Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

До утре, 21 септември, трае рокот за аплицирање за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата. Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Вкупната поддршка за оваа мерка е зголемена на 5.785.728 евра од кои 75 отсто се обезбедени преку ИПАРД програмата, а 25 проценти од буџетот на Република Северна Македонија.

Сите заинтересирани апликанти можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и со проекти кои предвидуваат поставување фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби. Прифатливи корисници се сите правни лица кои влегуваат во рангот на микро, мали или средни претпријатија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close