fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утрово најстудено со -1 степен е на Попова Шапка, а со измерени девет степени во Гевгелија.

Во Маврови Анови утрово до 8.30 часот темепeратурата била 1 степен, 2 во Лазарополе, 3 во Берово и Крушево,  4 степени во Крива Паланка, 5 Скопје-Зајчев Рид и Прилеп, 6 степени се измерени до Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Битола, Демир Капија и Виница, 7 степени во Охрид, Струмица и Куманово и осум степени во Штип.Висината на снежната покривка во 7 часот во Маврови Анови е еден сантиметар.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

 

 

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови следува период на претежно облачно време со релативно високи утрински и дневни температури.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close