fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Утрово температури над нулата, преку ден од 12 до 18 степени

Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Температурите во земјава изутрината беа над нулата. Најниската темепература од три стеоени беше измерена во Берово, пет на Попова Шапка, шест во Крива Паланка, осум во Струмица, девет во Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Крушево и Маврови Анови, десет во Куманово и Лазарополе, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Битола, Охрид, Претор и Дојран, 13 во Штип и Демир Капија и 14 во Дебар.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Тетово и Пожаране шест л/м2, во Дебар четири, во Охрид два и во Крушево и во Куманово еден.

Денеска ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне кога претежно во северозападните делови ќе има и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, претпладне со ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта северен ветер. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Времето утрово и ноќта беша променливо облачно, во западните делови и во Скопската Котлина со локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Дуваше слаб до умерен, а на места засилен ветер од јужен правец, кој во Битола достигнуваше брзина над 50, а во Штип над 70км/ч.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close