fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Вештачките ѓубрива поскапуваат

Прочитајте - зошто оваа сезона земјоделецот ќе плати поскапо вештачко ѓубриво?

Се наоѓаме во еден многу сензибилен период во долгиот процес на производство на житните култури. Тоа е фазата на прихрана или помеѓу народот попознато како ѓубрење. Во голема мера по оваа фаза се наѕира и може да се предвиди и крајниот принос при жетвата.

Ѓубрењето се одвива во две фази. Периодот зависи од тоа дали ќе биде навремена сеидба и каква ќе биди вегетацијата во зимскиот период.

За време на периодот околу Божиќните празници, па се до средината на месец февруари традиционално се одвива фазата на ѓубрење на житните култури. За оваа намена се користат азотни ѓубрива. Најголема примена во Македонија наоѓа амониум нитрат 34,5% чија основна состојка е азотот како хемиски елемент. Тој е гас без боја, мирис и вкус, една од главните состојки на воздухот. Кога е загреан, се врзува директно со магнезиумот, литиумот и калциумот. Кога е помешан со кислород и подложен на електрични искри, формира нитричен оксид (NO). Кога е загреан под притисок во присуство на водород и пригоден катализатор се формира амонијак. Азотот подлежи на хемиски реакции кои се одвиваат се со цел да се добие грануларно ѓубриво, кое како такво се применува во прихраната на житни култури.

Изминатите години пазарната цена на амониум нитратот или општо азотот беше многу ниска. Искусните трговци ќе знаат да кажат дека тоа не е реална цена за ѓубривото. Според тоа, постојат две причини поради кои се покачи цената на азотот, како основен елемент кој се користи во производство на голем број вештачки ѓубрива.

Првата причина во голема мера, може да се поврзе со пандемијата со Ковид-19. Во државите во кои се произведуваат овие типови на ѓубрива имаше строги мерки и рестрикции во периодот од март до август. Ова е период кога се врши производство на ѓубриво за сезоната која следи. За да го покријат „шупливиот“ период и да ја достигнат бараната количина од страна на пазарот беа принудени да вработат повеќе луѓе, да ангажираат дополнителни ресурси и со самото тоа се покачи цената на вештачкото ѓубриво по единица производ.

Втората причина е тесно поврзана со првата. Станува збор за економскиот поим пазарна рамнотежа. Понудата на вештачки ѓубрива (производството) беше значително намалено поради рестриктивниот период поврза со ковид кризата, но и поради тенденциите на постепено намалување во користењето на вештачките ѓубрива последните години. Побарувачката можеме да кажеме дека е некоја константна вредност, но шпекулациите на пазарот кои се појавија дека ќе настани глобално поскапување на производи од различни индустрии налагаше да се стимулира земјоделецот навремено да набави ѓубриво и за пролетна сеидба и за прихрана.
Во ваква ситуација, можеби малку вештачки се создаде слика дека понудата е помала од побарувачка и цената нагло расте на горе.

За споредба, изминатите години цената на амониум нитратот изнесуваше од 15 до 16,5 денари по килограм.

Оваа година, особено периодот после 20 јануари цената изнесува од 19 до 20.5 денари по килограм.

Од аспект на краен корисник на вештачкото ѓубриво, односно земјоделецот не е добро, затоа што плаќа поскапо ѓубриво за 3 до 4 денари по колограм, а за сметка на тоа не добива таков сооднос во порастот на цената на крајниот производ. Цената на јачменот, пченицата стагнира или пак се движи на горе половина денар што не е доволно да ги покрие поскапите трошоци на производство.

Од аспект на трговците е добро од две причини. Првата е тоа што продаваат ѓубриво по повисоки цени во однос на последните неколку години.
Втората, што можеби за нив е уште побитна е тоа што ќе ја продадат комплетна залиха за оваа сезона, дури повеќе од она што планирале поради стимулираната побарувачка која пак е резултат на тендециите на раст на цените на вештачките ѓубрива и понатаму.

Бојан Ѓеровски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close