fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ветеринарите бараат намалување на данокот за ветеринарно-здравствените услуги од 18 на 5 отсто

Со Бесими, Комората очекува средба идната недела, а со министерот Хоџа, како што им соопштиле од Кабинетот, средбата ќе се одржи по локалните избори.

Ветеринарната комора го реафирмира барањето за намалување на даночната стапка за ветеринарно-здравствените услуги од 18 на 5 отсто.

Со оглед дека ваквата мерка е зацртана и во Планот за работа на Владата, Комората упати писмено барање за средба со премиерот Зоран Заев, како и со министрите за земјоделство и за финансии, Арјанит Хоџа и Фатмир Бесими, на која детално би биле изложени аргументите и потребите од нејзино што побрзо имплементитрање.

Како што вели за МИА претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски, одговор од Владата веќе добиле и во него се наведува дека барањето е проследено до министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Со Бесими, Комората очекува средба идната недела, а со министерот Хоџа, како што им соопштиле од Кабинетот, средбата ќе се одржи по локалните избори.

Според анализите на Ветеринарната комора, намалувањето на ДДВ би имало незначителни импликации врз вкупните приходи од даноци за државниот буџет, но значителни позитивни ефекти за ветеринарното здравство, како сектор.

– Намалувањето на стапката на ДДВ се очекува да резултира со намалени цени и обврски на ветеринарните друшта со што ќе им се намалат трошоците од работењето, а ќе се стимулираат инвестиции во опрема, технологии, едукација и слично (во вредност од намалените обврски за ДДВ од 25,6 милиони денари), намален притисок врз ликвидноста на ветеринарните друшта во периодот помеѓу исплатата на обврските и наплатата на побарувањата за ДДВ, намалување на нелојалната конкуренција меѓу чинителите во секторот кои се ДДВ обврзници и оние кои не се ДДВ обврзници, со што би се зголемила конкурентноста и подигање на нивото на квалитетот на услугите на секторот посебно во давање на услугите за спроведување на националната програма за заштита на здравјето на животните, како и овозможување услови за потранспарентно работење во секторот – објаснува Николовски.

Во моментов во нашата земја функционираат околу 160 ветеринарни друштва, во кои се вработени околу 400 доктори по ветеринарна медицина и друг помошен технички персонал и истите се рамномерно распоредени на територијата на целата држава.https://plusinfo.mk/veterinarite-baraat-ddv-za-niv-da-iznesuva-5-otsto-parite-e-gi-vlozhuvaat-vo-oprema/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close