fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Тетовското јаболко пред исчезнување, наместо да ги кројат овоштарите ги корнат јаболковите насади

Драголуб Зафировски од Брвеница порано на своите ниви имал засадено над 5 декари со јаболкови насади. Но, од година в година тој ги корне, а сега има јаболка само на околу 2 декари.

Тетовските земјоделски производи далеку познати во земјите од поранешна Југославија полека исчезнуваат. Сѐ помалку нивите се засадуваат со тетовски грав, а познатиот тетовски бренд јаболкото сè поретко го има во овоштарниците. Селото Брвеница кадешто живеат над 1.000 семејства порано егзистираше од овој производ, а сега тетовскотo јаболко мештаните го одгледуваат колку за себе.

Велат дека не им се исплаќа да го одгледуваат овој производ, оти за него, како и за многу други земјоделски производи нема откуп, а препаратите годинава се прескапи.

Драголуб Зафировски од Брвеница порано на своите ниви имал засадено над 5 декари со јаболкови насади. Но, од година в година тој ги корне, а сега има јаболка само на околу 2 декари.

– Со јаболката во Брвеница состојбата е катастрофална. Како што вели народот, јаболка не можеш да најдеш ниту за лек. Порано од Русија и од Србија доаѓаа шлепери и ни ги откупуваа јаболката. Не ни даваа некоја висока цена, но барем имаше откуп, сега немаме никаков откуп. Колку сакаш труди се преку цела година, троши за препаратим па и на позитивна нула да бидеш, ако немаш откуп бадијала е сè. Проблем имаме и со климатските промени. Знае некогаш наутро да има ниски температури и да се уништи јаболката. Тука нас никој не не есапи, сосема сме заборавени од властите и од овие и од претходните, вели Зафировски.

Целиот текст https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close