
Вести
Винариите го откупуваат грозјето во Повардарието – Лозарите ја добиваат првата рата
Дел од лозарите веќе ги добија парите од првата рата за предаденото грозје, а останатиот дел од лозарите винариите треба да им ја исплатат првата рата по 15 декември, коа истекува и законскиот рок.
Доколку пак винариите не го испочитуваат законскиот рок ќе следат и санкции за винариите, односно одземање на лиценцата со што сите приливи кои ќе ги имаат од продаденото вино ќе треба да одат во исплаќање на ратата за лозарите. Исто така до 15 февруари мора да се исплати и 40 % од предаденото грозје, остатокот треба да се доплати и до месец април.