fbpx
Вести

Винариите кои не го платиле ланското, годинава нема да откупуваат грозје

До крајот на месецов ќе се знае кои винарии не го исплатиле долгот кон лозарите за преземеното грозје.

Винариите требаше да ја исплатат ланската реколта до 30ти април, и да достават финансиски извештај.

Оние кои нема да ја исполнат обврската ќе го изгубат правото да откупуваат грозје оваа година, посочи Министерот Цветков.

vino

Доставените извештаи ќе бидат проверувани од Министреството и Инспекторатот за земјоделство. Винариите кои нема да го испочитуваат Законот освен што ќе бидат избришани од Регистарот на откупувачи на грозје,ќе треба да го исплатат долгот кон лозарите, да им платат камата на дневна основа за задоцнето плаќање, а на државата да платат казна во износ од 10 отсто од заостанатиот долг. После подмирените обврски ќе можат повторно да се впишат во Регистарот.

Во земјава се регистрирани вкупно 86 винарски визби, а лани 13 ги изгубија лиценците за работа. Според податоците од Инспекторатот, причините се заостанатиот долг, ненавремено доставени извештаи, а една од нив има и кривична пријава поради лажен финансиски извештај.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close