fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Каракашев-Лани скапаниот тутун беше 293 ден., годинава 330 денари за екстра тутун

НЕЗАДОВОЛСТВО-Каде сме ние тутунопроизводителите во приказната како трет социоекономски партнер според Законот за тутун и зошто упорно одбивате да се сретнете со нас тутунарите па заедно да изнајдеме прифатливо решение и за двете страни?

Почитувани тутунопроизотители

Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на историско покачување на цените на тутун од минатогодишните 293 денари за скапан тутун ова година на 330 денари екстра квалитетен тутун и сето тоа благодарение на добрата волја од страна на Тутунски комбинат и ресорното министерство.

Јавно прашуваме каде сме ние тутунопроизводителите во приказната како трет социоекономски партнер според Законот за тутун и зошто упорно одбивате да се сретнете со нас тутунарите па заедно да изнајдеме прифатливо решение и за двете страни?

Повеќе од очигледно е дека не ви функционира ниту потсекторската група за тутун ниту Сојузот или пак работат по нечии диктат.  Почитувани господа до кога и до каде сте спремни да си поигрувате со достоинството и макотрпниот труд на тутунарите?  И во ова прилика апелираме најсериозно и одговорно час побргу да пристапите кон решение на проблемот со откупот на тутунот.

За нас како тутунопроизводители единствено прифатливо решение е реално да се вреднува нашиот труд. Вашите обиди за повторна манипулација и грабеж на тутунарите нема да ви поминат со секој изминат ден трпите огромни финансиски штети, но и ја губите довербата од страна на тутунопроизводителите како ваши долгогодишни кооперанти. Еднаш засекогаш мора да сфатите дека тутунопроизводителите се вредни и интелигентни граѓани и дека овој пат се решени цврсто и единствени до крај да опстојат на нивните реални барања свесни за огромните покачувања на животниот стандард кој ги доведува во ситуација на социјала да преживуват од ден за ден. Тоа еднаш за секогаш мора да престане.

Ѓорги Каракашев – Национална земјоделска мрежа

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close