Земјоделска задруга од тетовско под називот Еко Фасуле, пред 5 години први започнаа да одгледуваат грав на трска и бамбус.Оваа иновација беше резултат на како што велат, податокот дека ваквото производство на грав дава три пати повеќе род од традиционалното растење на гравот на пченка.Мотивот беше уште поголем кога државата ни вети дека доколку формираме задруга ќе ни се обезбеди пласман за произведеното, а ќе ни субвенционираат и механизација за собирање на гравот, затоа што рачно да се бере толкаво производство е многу тешко, потенцираат од задругата.
-Јас ќе кажам јавно кирија, локал, компјутери и опрема, сето ова ни беше ветено од државата, но од тоа ништо не добивме. Ни беше ветено првата година 80 илјади евра, па 40 илјади евра и на крај околу 2 000 евра, за да на крај не добиеме ништо.Овие пари беа наменети за механизација, ни ветуваа секоја задруга да има механизација за собирање на грав. Еве 5 години поминаа, ни машина ни пласман ни ништо, и многу млади заминаа во странство. Гравот не е производ кој што можеш да го береш со рака во масовни количини. Еден човек може да собере неколку кила, и затоа требаат машини. Не можеш тука да најдеш луѓе за берење сите заминаа. И сега што е најтрагично тие што се занимавале со земјоделие никој не се враќа назад остануваат таму.Тоа значи дека нешто не е во ред со секторот земјоделие сите заминуваат. Треба да се променат некои работи во земјоделието, истакна Мемет Синани земјоделец од земјоделската задруга Еко Фасуле од тетовското село Камењане.
Само Синани засадил 20 декари грав на бамбус и трска. Од оваа површина добил околу 4000 килограми род, за разлика од претходно кога на пченка добивал три пати помалку. Но овој начин на производство го практикувал неколку години, потоа поради неисполнетите ветувања од државата, решил да се откаже. Трската и бамбусот ги извадил од нивите, и сега му се складирани во магацин, а голем дел од неговите ниви зјаат празни. Тоа го направиле и неговите колеги од задругата, која на крај морала да замине во стечај.
Тој вели дека голем дел од задругите во Македонија ја доживуваат истата судбина, затоа што буквално не добиваат никаква помош од државата, а пред да се оформат институциите им ветуваат се и сешто.
Смета дека мора да се смени законот за задругите ако сакаме Македонското земјоделие да мрдне од мртвата точка, затоа што само преку организиран и заеднички настап на задругите на странскиот пазар може да се продаде призведеното. Ги спореди нашите со законите за земјоделските задруги во Србија-Законот не е како што треба. Ако сум јас невработен и ако сум во задруга, тогаш ме бришат од труд како невработено лице. И секоја задруга ги има истите проблеми. Ако се продаваше колективно од задругата од големите задруги би имале како што ветуваа 15 % субвенции, а за малите задруги 7 %. И на крај наместо субвенции државата им даде порез да платат. Што беше најчудно во законот, вели субвенционирањето не се оданочува, а на задругите им дојде порез.Најмизерни сме во државата, први се тие на семафори што питачат, а втори сме ние земјоделците. И ние ќе одиме уште малку на семафори. Ништо не е регулирано, нема кај што нема проблем, единствено со тутунот е подобро. Во Србија на пример кога се фомира задруга ти даваат 50 000 евра. А овде ти велат ти првин вложи, па отпосле ќе ти го вратиме парите за вложеното. Но потоа ти наоѓаат замерки, тие велат тракторот не си го купил со толкава сума како што велиш, не ти признаваа механизација, и на крај не ти ги даваат парите, вели Синани.
Тој вели дека во Македонија има 40 задруги ама и тие ќе ги снема за кратко, ако не се смени политиката на властите кон земојделците, кои веќе се откажуваат од оваа дејност, и на нивите засадуваат продукти колку за себе.
Зоран Димовски