вестиМакедонијаТоп вести

Работилница за локалните системи на храна во Гевгелија

Фондацијата за локален развој е организатор на работилницата која денеска се одржува во Гевгелија на тема „Локални системи на храна, предности и можности“ чија што реализација е одобрена од Мрежата за рурален развој.

Покрај гевгелиските, на работилницата учествуваат и земјоделци од општините Богданци, Дојран и Валандово со цел да научат преку електронска платформа директно да комуницираат со заинтересираните купувачи за да се зголеми нивната примарна заработувачка како и довербата и партнерството со потрошувачите.

-Основната идеја е да ги поврзиме луѓето, да го поттикнеме локалниот развој во руралните средини и да го минимизираме бројот на посредници при продажбата со што ќе создадеме одржлив систем на храна изграден врз основа на партнерство меѓу производителите и потрошувачите, рече Ристо Атанасовки од Фондацијата за локален развој во Гевгелија.

Извор: Макпрес

Слични написи

Back to top button
Close