ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД СТРУМИЧКО БАНСКО БАРААТ ПАЗАР ЗА ДА НЕ ПРОДАВААТ ПО УЛИЦИТЕ

(Oвој напис е објавен на: June 17, 2019)

Производителите на зеленчук од струмичко Банско бараат да им се отвори пазар на влезот во селото, каде ќе можат да го продаваат своето производство. Тие секојдневно ја окупираат главната влезна улица во Банско пред Заводот за рехабилитација, каде нудат пиперки краставици, домати или пак ги чекаат трговците од земјава и странство.

Виситински метеж се создава на влезот до Банско познат по лековитите геотермални води. Земјоделците кои барат локација за купопродажба на своето производство тврдат дека биле изложени и на казни од страна на полицијата.

Продажба на зеленчук по улици е строго забрането одговараат надлежните повикувајки се на законската регулатива. Велат дека пазар на големо има во Струмица, каде земјоделците може да вршат продажба на своето производство или пак да го предадат кај регистрирани откупувачи.

извор: 24.мк