Во Кавадарци обука и презентација на агрометеролошки мерни станици за смарт земјоделство
Во Кавадарци денеска се одржаа обука и презентација на агрометеролошки мерни станици за смарт земјоделство.
Инаку, Центарот за развој на Вардарски плански регион, во рамки на програмата за рамномерен регионален развој финансирана од Биро за регионален развој – Министерство за локална да самоуправа, го имплементираше проектот „Инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство”.
„Паметно или смарт земјоделство” се однесува на употребата информатички технологии, интернет, сензори, системи за локација, роботи и вештачка интелигенција.
– Крајната цел е зголемување на приносот на културите и квалитетот на производот, со оптимизирање на природните ресурси и човечки труд во земјоделското производство, рече Глигор Тодоров, метеоролог.
Директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Сашо Мошев потсети дека проектот за агрометеоролошки станици се спроведува во општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија. Инвестицијата е околу десет милиони денари.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев рече дека квалитетното производство значи и подобар пласман на произведеното.
Присутните имаа можност да слушнат и за функционирањето и придобивките од агрометеоролошките станици.