fbpx
ВестиТоп вести

Во општина  Св. Николе пријавиле штета 608 земјоделци

Од силното невреме што ја зафати Македонија не беше поштедена и општина Св Николе. Градот и силниот ветер уништија  земјоделски култури на над 4000 ха. Како што информираат  надлежните од општина Св Николе настрадале насади со лозја, површини со житни култури, насади со тутун, бостан и други култури.

Невремето направи штета во 12 села во Светиколската општина. Според информацијата на градоначалникот Саше Велков дадена на Зелена берза, до општинската комисија биле поднесени 608 барања за штети направени на површина од 2940 хасо различни култури.  Најпогодено е селото Црнилиште каде се проценув а штета на родот  од 80-90%. На површина од 287ха штети до општинската комисија пријавиле 154 земјоделци. Од 60 -80% е уништен родот во с. Делисинци . Мустафино, Ерџелија, Немањици, Горобинци, Пеширово се исто така места каде невремето нанесе штети , а населението допрва ќе ги чувствува последиците. Најмногу поднесени барања има во Св. Николе дури 208 за штети до 50% на површина од 547 ха. Информира градоначалникот Велков.

Земјоделците се загрижени  бидејќи на некои места родот во целост е уништен, така што во прашање е нивната егзистенција. Апелираат државата да преземе мерки затоа што последните години климатските промени им го поскапуваат производството  за сметка на цените на производите кои постојано паѓаат.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close