fbpx
ВестиТоп вести

Флора Фреш нов бренд на македонското поднебје

 

Јаболка, круши и цреши е асортиманот што се произведува  во фирмата Флора Фреш. Станува збор за нов бренд на производи кои што допрва ќе се најдат на македонскиот пазар. Фирмата Флора Фреш е  грчка фирма, формирана од таткото и син Тахмаѕидис. Лоцирана е во атарот на с. Цапари,  општина Битола. Релативно нова фирма која со оваа дејност се занимава веќе пет години. Почетоците на на бизнисот на Тахмаѕидис  на овие простори се поврзани со текстилот, но  желбата за нов бизнис во близина,  ги доведе до сосема различна дејност.

 

„Имајќи го предвид поднебјето и климатските услови кои што се присутни  во  с.Цапари  не се размислуваше многу на која дејност ќе се задржиме. Регионот има одлични климатски услови за земјоделска дејност Огледување на овошје, јаболка, круши и цреши , беше одлуката која ја донесовме, вели за Зелена берза Теодорис Тахмаѕидис , управител на фирмата. Текстилот и овошјето немаат допирни точки , но земјоделието е гранка што има голема иднина и допрва ќе има голем развој ако се работи како што треба “, додава тој.

Оранжеријата се простира на површина од 50 ха. За сега се подигнати садници на 18 ха површина и од нив најголем дел се со  јаболка, па со круши и цреши. Она што е карактеристично  е тоа што во одгледувањето се применува Глобал Гап стандардот и овошките се одгледуваат по законските норми што ги наметнува ЕУ, а подразбираат минимална употреба на хемиски средства во агротехничките операции.

 

Садници од европско потекло со голем квалитет на род и приноси

Фуџи, Црвен Делишес и  Гала се сортите на садниците што се набавени од реномирани производители  на садници во Италија, кои што по квалитетот се познати во цел свет.

Иако се на почеток сепак  од Флора Фреш се задоволни од постигнатите резултати. И тие не се имуни на климатските промени. Градот е тој што секоја година им прави штета на родот така што поставувањето на мрежи за заштита е неизбежно.

 

„Родот  на јаболката беше многу добар оваа година , само што уште не беа   поставени мрежите,  а од градот многу се оштетија, и сега работиме на тоа до Нова година да бидат поставени мрежи. Сите земјоделски производители  во околината забележуваат дека последните 2-3 години градот им нанесува штети. Местото во Италија од каде што ги набавуваме садниците, нема парцела на која не се поставени мрежи “посочува сопственикот  Тахмаѕидис.

Бербата  на јаболката е во тек. Имајќи предвид дека садниците се млади и не се сите на род, од оваа реколта  се очекува да бидат собрани  околу 200 тони  јаболка. Се одликуваат со голем квалитет во однос на формата, големината, бојата и вкусот. Цврсти се и со високо ниво на шеќери во составот.  Јаболката се берат, калибрираат  и се испраќаат на продажба.

 

Нова сорта на јаболка „Црвена љубов“

Исто така се прават и експерименти за да се види од која сорта јаболка може да се постигне најдобар квалитет и секако најголем принос.

„Имавме поставено експеримент со  5о жолти садници за да видиме како тие ќе реагираат на постоечките услови. Забележавме дека и тие поцрвенуваат. Сега Експеримернтираме  со нова врста јаболка  т.н. „Црвена љубов“, кои се црвени не само од надвор туку и внатрешноста, но имаат добри нутритивни вредности,  во составот имаат  многу шеќер и антиоксиданси“, посочува Теодорис.

Што е пресудно за добар кавалитет и добар прионос?

Квалитетен саден материјал и соодветни агротехнички мерки се основата за добар производ, укажуваат од флора Фреш.

 

Во Европа веќе се применуваат нови начини на засадување. Покрај нови сорти  со коренов систем што не се шири многу, нов тренд е садниците  да се садат на оддалеченост од еден метар една до друга , а меѓу редовите да има растојание од 3 метри, за полесно да помине земјоделска механизација. Режењето  на овошките  е исто така многу важно.  Гранките  се режат  на топј начин, садницата да не оди во ширина  туку да оди само во висина. Системот за наводнување капка  по капка е најдобар и секако важна е заштитата и ѓубрењето, но треба да се внимава да не се претера ниту со вода ниту со ѓубре, да им се даде  количина  која е оптимална, велат од Флора Фреш.

Климатски промени се чувствуваат

„Има различни техники за справување со климатските промени. Некогаш и половина степен од температурата може да направи штета.Најважно  е да се заштитме од градот со поставување на мрежи. На почетокот на сезоната на цветање  може да се појави  мраз и за таа цел  се поставуваат прскалки  на мрежите. Се прска обична вода (како дожд) која ги заштитува од мрзнење, бидејќи кога врни не може да замрзнат.Опасност има кога при ниски температуири во цветот ќе влезе вода. Прскалките со вода овозможуваат еластичност на цветовите и да не испука цветот ако замрзне. Опасност постои и при многу високи температури . За ова помагаат мрежите кои држат сенка. Исто така многу се важни браздите кои треба да ги има меѓу редовите за да може да се цеди водата при обилони врнежи “, објаснува Тахмаѕидис.

Допрва доаѓа времето на брендот Флора Фреш

За сега производите на Флора Фреш завршуваат на странските пазари, претежно во Грција,  додека мали количини се продаваат на македонскиот пазар. Брендот Флора Фреш се гради и сакаат да бидат препознатливи. За таа цел се консултираат со стручни лица, што, кога, колку и како да се направи за да се постигнат поголеми резултати. Во таа насока се и стручните усовршувања на вработените  кои во моментов се 10 на број.

 

Во идните планови на Флора Фреш е што побрзо да се засадат и останатите површини, а акцентот ќе биде ставен на садниците со јаболка, затоа што јаболкото го зазема четвртото место на скалата на овошје во светот, веднаш по  грозјето, портокалите и бананите.

 

Целиот овој регион е најголем и најдобар за производство. Не е лесно и потребни се големи средства, тешко дека некој сам може да постигне се’. Во цел свет се користат субвенции, тие се неопходни. Средствата од ИПАРД програмата многу помогнаа за развојот на Флора Фреш. За работата и успесите на Флора Фреш може да се добијат информации и на веб страницата

www.florafreshfruit.com 

како и на социјалните мрежи фејсбук и твитер.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close