fbpx
Без категорија

Во сабота-Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне дожд и невреме

Температурите постепено ќе опаѓаат

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне најпрвин во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја времето ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Во Скопската Котлина променливо облачно, во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Времето во следните денови: Во недела во претпладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе започне да дува северен ветер, а температурите постепено ќе опаѓаат.

Можно е да е слика од текст кој вели „ден недела (02.10) понеделник (03.10) време вторник (04.10) среда (05.10) Bemep четврток (06.10) 10 до 17 мин.тем. (°C) мак.тем. (C) 5 до 13 18 до 26 до 13 променлив 17 дя 25 до 11 16 до 24 3 до 10 17 24 18 до 25“

Слични написи

Back to top button
Close