fbpx
Вести

Во стоковите резерви има пченица, ама нема брашно и конзерви

Bo стоковите резерви има доволна количина лекови за прва помош во случај на некоја природна катастрофа, како и пченица што 6и ги задоволила потребите на населението за 90 дена, но нема брашно.

vo stokovite rezervi ima pchenica ama nema brashno i konzervi

 

Сега сме во процедура во однос на замената на пченица со брашно. Стоковите резерви се во добра состојба оцени Дритон Бајрами, раководител на секторот за финансии во Агенцијата за стокови резерви.

Според Законот за стокови резерви, тие се формираат од производи кои се од исклучително значење за животот на населението во Република Македонија.

“Стоковите резерви ги сочинуваат: пченица, пченка, јачмен, готварска сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински помагала. Стоковните резерви се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи како и при поголемо нарушување на пазарот”, пишува во Законот.

Во Законот не е наведена конзервирана храна, како неопходен стоков производ, но Бајрами смета дека тоа е нешто што недостасува во стоковите резерви, односно дека таква храна треба да има доколку дојде до некоја природна катастрофа.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close