fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Приведен е 49 годишен маж од Големо Коњари за кражба на дрва

Со патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, превезувал бесправно исечени и нежигосани огревни дрва.

На 27.11.2022 околу 18.20 часот во с.Бела Црква, општина Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го привеле Х.Т.(49) од с.Големо Коњари. Тој бил затекнат како со патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, превезувал бесправно исечени и нежигосани огревни дрва. Дрвата и возилото биле одземени и дадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. При интервенцијата со повреда се здобил еден полициски службеник. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close