вести

Во Велес досега поднесени дваесеттина апликации за ИПАРД 2

Во канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделстото во Велес на јавниот повик на ИПАРД 2 програмата за модерно конкурентно земјоделство, кој започна на 26 декември и ќе трае до 9 февруари, се очекуваат да бидат поднесени околу 50-тина апликации. Досега аплицирале 20-тина земјод елци од велешкиот поширок регион во кој се вклучени и Општините Градско и Чашка, изјави за МИА, Тони Тасков раководител во АПРЗ во Велес.

Тој појасни дека на овој повик нема поддршка на земјоделците за трактори, туку за приклучна земјоделска механизација.

– Овој повик е за секаков вид приклучна земјоделска механизија, за систем капка по капка и користење на производствена енергија од обновливи извори, за што земјоделци од велешко веќе пројавија интерес за набавка, појасни Тасков.

Тој информира дека со оваа мерка може да се градат или реконструираат објекти за добиточна храна, складишта за храна, оранжерии, капацитети за ладење-калибирање и пакување на земјоделските производи.

-Со оваа мера земјоделците можат да вратат од 60 до 70 проценти од трошоците од инвестицијата, која ја направиле. Прво треба да земат од кај нас апликација, да ја пополнат, за што ние со нашите совети им помагаме, а потоа да ја достават по пошта до Платежната агенција. Земјоделците откако ќе ја реализираат инвестицијата, во рок од шест месеци треба повторно да се јават кај нас, да им помогнеме да достават повторно барање до Платежната аганеција за да вратат од 60 до 70 проценти од вложените средства. Инаку, минималната инвестиција треба да биде 3.000 евра без ДДВ, појасни Тасков.


 

novamakedonija

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close