fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

„Позелене“ и татко му на Бочварски, и тој ќе произведува струја, пренесува порталот Фактор

И таткото на министерот Благој Бочварски во бизнисот со струја

Регистрација на фирми за производство на електрична енергија од страна на најблиски членови од семејствата на актуелни и поранешни членови на Владата е тренд кој не запира во последно време.

Таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Венцислав Бочварски од Штип, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи.

Сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Формата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари.

Досега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс Доо, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции.

Досега имаше сознанија дека како основачи на фирми за производство на електрична енергија се јавуваат имиња на најблиски од врвот на власта, а последен во низата сега е и родителот на поранешниот градоначалник на Штип.

Не е познато со какво производство на струја ќе се бави Техно Енерџи на Бочварски, но во тренд се обновливите извори на енергија, особено фотонапонските централи. Високите цени на слободниот пазар се атрактивни за голем број на инвеститори во последно време.

Александар Кузмановски Извор https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close