fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиЕкологијаТоп вести

Кумановец рециклира стара хартија и прави нов производ, на отпадот му дава нова вредност

Кумановецот Оливер Тасевски, сопственик на компанијата „М и Т груп“

„Особено ми смета кога ќе видам дека картонот се пали. Тоа е суровина која вреди пари и затоа треба да ја заштитиме и правилно да ја употребиме. Во мојата работа не гледам само профит, сакам да го видат Куманово исчистено од хартија“, вели кумановецот Оливер Тасевски, сопственик на компанијата „М и Т груп“.

На периферијата на Куманово, во Северноисточниот Регион во Македонија, навидум мал и скромен производен капацитет прави пионерски чекори за заштита на животната средина и развој на циркуларната економија преку рециклирање хартија и картонска амбалажа и создавање нов производ за повеќекратна употреба. Во овој погон повеќе од седум години отпадот се користи како секундарна суровина и од него се прави производ кој има широка примена за пакување во прехранбената индустрија.

„М и Т груп“ е мала локална компанија која месечно преработува околу 130 тони хартија и произведува табли и папки за јајца. Во рециклирачкиот процес се вклучени околу 20-тина работници, кои вредно работат на создавање нов производ од отпадот што инаку би завршил на некоја депонија како неупотреблив. Тие на отпадот му даваат нова вредност.

„Нашата мисија е тешка и макотрпна, но благородна како за луѓето, така и за животната средина и за циркуларната економија“, вели Тасевски.

Нивната работа почнува со набавка на картонската амбалажа и хартија во отпадите во Куманово и во околните градови и нивен транспорт до капацитетот за рециклирање. Најпрвин, со многу трпение, тие рачно ги одвојуваат лепакот, пластиката, најлонот и други материјали што се неупотребливи за да се добие чиста картонска и хартиена суровина. Потоа следува сложениот процес на производство. Исчистениот отпад ситно се меле во машина и се меша со топла вода, по што под голем притисок се прави каша, т.н. пулпа. Густината на кашата се прилагодува според потребата на производот, а потоа смесата се излива во калап и под голем притисок се вади водата од неа. На крајот се префрла да се суши на пареа. Водата и пареата се присутни насекаде во погонот, но најважно е што не се употребуваат хемикалии во целиот процес на создавање нов производ од отпадот.

Тасевски е еден од ретките во државата што се занимава со третман и преработка на неопасен отпад, кој е тренд во светот.

„Ние изработуваме целосен еколошки производ, го затвораме целиот круг. Собираме, рециклираме и создаваме нов производ. Има фирми кои работат само по една од овие дејности, но ние сме комплетни. Кога ќе заврши намената на нашиот производ, тој како отпад од пакување повторно се враќа кај нас и го користеме како суровина“, вели Тасевски.

Рециклирањето не е бизнис во Македонија зашто нема доволни количини отпад

Но, и покрај оптимизмот и заложбите на кумановскиот рециклатор, во Македонија има многу системски недоследности кои го попречуваат ефикасното справување со отпадот, негова преработка и производство на рециклирани производи. Иако во државата има воспоставен систем за управување со отпад, тој не е целосно усогласен со законската регулатива во оваа област. Тоа е и причина што има отпад на сите страни, диви депонии, загадени реки и уништени планински предели, а селектирaњето и рециклирањето е сѐ уште во зародиш.

Повеќе на линкот https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close