fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Водостојот на Охридското Езеро за два сантиметри понизок од просекот за јануари

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро споредбено со вчерашните мерења, а понизок споредбено со повеќегодишниот просекот во јануари.

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро споредбено со вчерашните мерења, а понизок споредбено со повеќегодишниот просекот во јануари.

Водостојот на Охридското Езеро е 693,36 (м.н.в.) односно за два сантиметра понизок од повеќегодишниот просек за јануари (693,38 м.н.в). Нивото на Охридското Езеро е 19 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693,17 м.н.в.), односно 26 сантиметри над природниот минимум (693,10 м.н.в.), велат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурата на Охридското Езеро денес изнесува 8,5 степени.

Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,94 метри повисок од просечниот за јануари.

Нивоата на реките во земјава се во рамките на просекот со благи отстапувања во нагорна или надолна линија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close