fbpx
Агро бизнисМакедонија

Врнежите изминативе десет дена забрзано ги полнат акумулациите, но сепак многу се потребни врнежи од снег

Пресушените брани и акумулации изминативе месеци беа загрижувачка слика за сите земјоделци особено за оризопроизводителите од кочанско каде водата е клучен фактор колку од нивите ќе може да се посеат со кочанското бело злато-оризот. Последните врнежи за овој регион сепак влева надеже за една нормална просечна производна година.

Новата година почна со нова надеж за земјоделците. Ова е оценката ан агрометеорологот Ангелко Ангелески од управата за хидрометеоролошки работи кој ги следи и ценува влијанието на времето и временските услови врз земјоделството. Според него за разлика од последните два  месеци од претходната година кои беа изразите сушни со врнежи кои ни од далеку не беа во близина на просечните изминатите десет дена имаме врнежи кои ќе ја поправат состојбата со земјоделските посеви.

-Новата година започна онака како што посакуваа земјоделците. По една голема есенско зимска суша конечно добија врнежи кои живот значат за есенските посеви но и за земјоделството воопшто. Повеќе од добре дојдени се ваквите врнежи кои се над просечни за првата декада од месец Јануари а некаде ги наполнија и месечните просечни суми а фактот дека се прогнозираат и нови врнежи кои ќе ги наполнат акумулациите се одлична вест за земјоделците. Не се очекуваат поплавувања на нивите и нивно заезерување бидејќи сувите почви и картерот на врнежите се такви да се впиваат целосно во почвата рече Ангелко Ангелески агрометеоролог при УХНР.

Реките бележат зголемување на водостојот но за подобрување на состојбата со ниското ниво на преспанското езеро овие обилни врнежи сепак не се доволни. Таму се пред се потребни снегови и тоа во неколку сезони бидејќи кај езерата циклусите се побавни од реките сметаат хидролозите кои укажуваат дека сега најпотребни од сите аспекти ни се врнежи од снег долгорочно гледано. Според податоците од УХМ сумарно за изминативе десет дена најмногу дожд наврна во Берово  89 литри на метар квадратен, 82 литри наврнало во Струмица, 66 литри во Штип, 65 литри во Крива паланка, во Битола и Прилеп по 56 литри, останатите региони се под 50 литри на метар квадратен  додека најмалку се измерени во Скопје кај мерно место Петровец 25 лити за изминативе десет дена.

 

Врнежи од 01.01 до 10. 01. 2021

 

Берово                        89  l/m2

Струмица                   82  l/m2

Штип                           66  l/m2

К. Паланка                 65  l/m2

Битола                        56  l/m2

Прилеп                       56  l/m2

Скопје                         25  l/m2

Извор УХМР

 

Пресушените брани и акумулации изминативе месеци беа загрижувачка слика за сите земјоделци особено за оризопроизводителите од кочанско каде водата е клучен фактор колку од нивите ќе може да се посеат со кочанското бело злато-оризот. Последните врнежи за овој регион сепак влева надеже за една нормална просечна производна година.

-Браната Гратче е не прелив што значи дека е веќе полна но она што е позначајно е состојбата со акумулацијата Калиманци. Во моментов има 35 милиони метри кубни вода што е околу 30% од вкупнито капацитет кој изнесува 120 милиони кубни метри вода. Она што е доста позитивно е што имаме дневен прилив на вода од околу 2 милиони метри кубни што значи дека до крајот на неделата браната се очекува да биде полна околу 45 милиони метри кубни со вода што се 40% од капацитетот. Планот за сеидба на ориз се носи некаде за околу еден месец па ваквата состојба позитивно ќе влијае на тоа рече Дени Митров директор на водостопанство Брегалница Кочани.

Колку е значајна водата покажува состојбата со вода во акумулацијата Калиманци пред две години кога заради лошата хидролошка година и недостиг од врнежи планот за сеидба мораше да претрпи драстични кратења и да не може да се сее ориз на сите ниви иако за тоа имаа желба земјоделците.

Тим на Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close