fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

За да се преживее месецот потребни се над 50 илјади денари!

Скап живот! Цените на храната не се намалуваат и покрај сите мерки на Владата за заштита на животниот стандард на населението. Граѓаните реагираат дека платите и пензиите не се зголемуваат со исто темпо како цените на храната. Ова го потврдуваат и експертите кој велат дека растат платите, но цените растат уште повеќе и куповната моќ на реалната плата е намалена за 5 отсто

Трошоците за живот за една година пораснале за 17,1 отсто. Според статистиката најголемо поскапување има кај храната од 25.1 отсто, а цените се повисоки кај буквално сите производи. Лебот е поскапен за 39,1 отсто, месото за 28,3 отсто, млекото, сирењето и јајцата за 36,2 отсто, маслото за јадење за 18,4 отсто, овошјето за 11,4 отсто, жестоките пијалаци за 9,2 отсто… Синдикатот пресмета дека на едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, од кој 19.206 денари се трошат за храна и пијалаци, а 13.313 денари за режиски трошоци.

Цените на храната не се намалуваат и покрај сите мерки на Владата за заштита на животниот стандард на населението. Граѓаните реагираат дека платите и пензиите не се зголемуваат со исто темпо како цените на храната. Ова го потврдуваат и експертите кој велат дека растат платите, но цените растат уште повеќе и куповната моќ на реалната плата е намалена за 5 отсто.

-Кога ќе почне трката за плати и цени, платите секогаш ја губат трката, еве како ја изгубија. Растат платите, а цените растат уште повеќе и куповната моќ на реалната плата е намалена за 5 отсто според официјални статистички податоци. Идниот развој на настаните и движењето на инфлацијата во 2023 година многу ќе зависи од движењето на платите и цените. Јас би сакал да се зголемат платите, а цените да останат на исто ниво, но тоа е неостварлив сон, изјави Трајко Славески, универзитетскиот професор и член на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2016 година во државата има континуирано паѓање на продуктивноста на трудот, а во исто време имаме раст на трошоците за труд, што според Славевски потсетува на состојбата во Грција по 2000 година кога ги билдаа трошоците за работна сила далеку над тоа што беше растот. Потоа со финансиската криза и должничката криза мораа да ги намалат платите за 30 отсто.

И од Организација на работодавачи велат дека храната расте со поголем процент во однос на другите производи и оти со растот на минималната плата и со линеарното зголемување на останатите плати треба да се анулира влијанието на инфлацијата.

-Стандардот на граѓаните не може да се одржува само со пораст на минималната плата, затоа што неа може да ја земаат само мал број работници. Со најавеното зголемување на минималната плата во март за 2.500 денари во најголем дел ќе се анулира влијанието на инфлацијата. Со ова зголемување нашата минимална плата ќе биде повеќе од 60 отсто од просечната плата. Додека во најголем број земји од ЕУ минималната плата се движи околу 50 отсто од просечната. Согласно растечката инфлација секоја компанија треба да настојува да ги зголеми платите на работниците или линеарно да ги качи платите на сите вработени во износ колку што е зголемена и минималната плата, изјави за ВЕЧЕР, Ангел Димитров од ОРМ.

Многу прехранбени производи се увезуваат, па и инфлацијата за нив е увезена. Со цел да се спречат злоупотребите од трговците од „надување“ на цените, Владата до 30 април годинава ги ограничи маржите на основните прехранбени продукти на 5 отсто во трговија на големо и 10 отсто во трговија на мало.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close