вести

Високите температури ризични за земјоделството

Релативно високата температура која се очекува неделава е неповолна поради зголемување на опасноста од предвремениот почеток на вегетацијата кај овошките и виновата лоза, а со тоа и нивната помала издржливост на ниски температури.

visokite temperaturi rizichni za zemjodelstvoto

 

Слична состојба има и кај есенските посеви каде што предвреме ќе се потроши прихраната со минералните ѓубрива и отпорноста на ниските температури иако сме на половина од зимата.

Врнежите од дожд во голема мерка ја подобрија состојбата со влага во почвата, битна за есенските посеви и за растворање на ѓубривата.

Состојбата сеуште не е алармантна, но сепак треба да се следи и да се применуваат советите на стручните служби.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close