fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

За нерегистрираните трговци – казни и заплена на производите

Покрај продавачите на овошје и зеленчук, на проверка ќе подлежат и сите останати трговци, за сите производи на целата територија на државата.

Државниот пазарен инспекторат ќе ја сузбива нелојалната конкуренција и ќе ги гони нерегистрираните трговци. Откриените нерегистрирани трговци ќе добијат казна, но и производите што ги продаваат ќе бидат запленети.

Инспекторите ќе спроведуваат надзори за утврдување на нерегистрирана дејност врз основа на Законот за трговија. Покрај продавачите на овошје и зеленчук, на проверка ќе подлежат и сите останати трговци, за сите производи на целата територија на државата.

Реакцијата на ДПИ уследи откако теренските инспекции спроведени врз база на владините одлуките со кои се опфатени овошјето и зеленчукот, покажале дека има голем број нерегистрирани трговци.

„Упатуваме апел до оние кои вршат нерегистрирана дејност, во најбрз можен рок да извршат регистрација, која е многу едноставна и нема да им одземе повеќе од два дена.

Доколку оставиме простор да се проширува нелојалната конкуренција која ја создаваат нерегистрираните трговци, така и нечесните трговски практики ќе се одразат врз регистрираните трговци кои си ги исполнуваат обврските кон државата, со што системот ќе затајува, а тоа никому не оди во прилог“, велат од ДПИ.

Исто така, државните инспектори ги охрабруваат граѓаните да реагираат доколку забележат или веќе познаваат нерегистрирани трговци, препродавачи и продавници и веднаш да ги пријават во ДПИ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close