fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пчеларите водат долги судски постапки за штетите предизвикани од мечки оти нема комисија за проценка на штети

Мечките го јадат медот и ги уништуваат пчелните сандаци, а сопствениците не можат да ја наплатат штетата.

Мечките го јадат медот и ги уништуваат пчелните сандаци, а сопствениците не можат да ја наплатат штетата. На ова реагираат велешани кои одгледуваат пчели, откако пролетва мечки им искршиле сандаци на различни локации во општината, Еловец, Грнчиште, Извор, Р`левци. Бидејќи сандаците биле меѓусебно оддалечени десетина километри, тие сметаат дека не станува збор за една мечка која ја предизвикала штетата, туку за повеќе.

„Проблемот е што сега нема комисија која е надлежна за вршење увид и за проценка на обесштетувањето. Таква комисија не постои можеби две-три години и нè упатуваат да одиме на суд. Тоа е долга и неизвесна постапка. Имам пријател кому му беше нанесена штета, а не може да си ја наплати. Тужеше, треба вештак да се обезбеди кој ќе процени штета, па апелација ја врати пресудата на ново судење и две години чека каков ќе биде исходот за да биде обесштетен. Ако воопшто му досудат“, вели пчелар од Велес, кому пролетва му биле уништени 10-ина пчелни сандаци.

Досега, во Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Велес имало само една пријава за сторена штета од мечка врз сандаци за одгледување пчели. Мечката е заштитена со закон и додека постоела комисијата, таа ја одредувала штетата и државата ја исплатувала. Сега пчеларите мора да одат на суд.
„Непостоењето на комисија не е пречка да се оствари правото на надомест на штета во судска постапка. Во Законот за облигациони односи е пропишано дека државата одговара за штетата причинета од дивеч за кој има трајна забрана за ловење, доколку не се докаже дека штетата настанала по вина на оштетениот. Согласно податоците со кои располага Секторот за нормативно-правни работи за 2021, поведена е една постапка за штета причинета од дивеч под трајна заштита (мечка). Немаме информација за пријави за штети настанати од мечки врз сандаци за пчели, бидејќи во април 2020 министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја укина комисијата на барање на Јавното правобранителство. Во тек е постапката за формирање комисија по барање на Владата“, соопштија од Министерството за земјоделство.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pchelarite-vodat-dolgi-sudski-postapki-za-shtetite-predizvikani-od-mechki-oti-nema-komisija-za-protsenka-na-shteti/
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close