fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За производителите на жито 3.200 денари по хектар поддршка за зелна нафта

За градинарите поддршката за зелена нафта изнесува 9.600 денари по хектар, додека кај овоштарите 12.000 денари по хектар.

Од 2004 година, поддршката до сите земјоделци за мерката зелена нафта е зголемена на 100 проценти.

-Мерка воведена од оваа Влада, која за прв пат стартуваше во 2019 година со поддршка од 30 проценти во трошоците за гориво на земјоделската механизација, во 2022 година ја зголемивме на 50 проценти за денес поддршката за зелена нафта да достигне до 100 проценти, од трошоците за гориво на земјоделската механизација. Поддржувајќи годишно 55.000 земјоделци, рече министерот Љупчо Николовски.

Прецизира дека поизводителите на житни култури оваа година добиваат 3.200 денари по хектар поддршка за зелна нафта. За производителите на индустриски култури поддршката за зелена нафта изнесува 4.800 денари по хектар. Кај градинарството поддршката за зелена нафта изнесува 9.600 денари по хектар, додека кај овоштарите 12.000 денари по хектар. Производителите на орев и питом костен добиваат поддршка за зелена нафта од 6.000 денари по хектар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close