fbpx
Вести

За заклана свиња или теле дома без ветеринар казна од 300 до 600 евра

Kолете свиња или теле за свои потреби, во домашни услови без присуство на ветеринар. Пазете се тогаш од соседот. Ако ве пријави, може да заработите казна од 300 евра во денарска противвредност. Ако сте правно лице, подгответе сума двојно повисока, односно 600 евра. Официјалните бројки велат дека годишно надвор од кланиците се колат околу пет илјади говеда и 16.000 свињи во домаќинствата, а месото генерално е за лична употреба. Во Агенцијата за храна велат дека согласно Законот за безбедностa на храната, колењето на животните надвор од кланица е дозволено единствено за домашна употреба со претходно информирање на официјалниот ветеринар и со почитување на условите за благосостојба на животните. Задолжителен е и преглед на трупот по колењето од страна на овластен ветеринар.

za zaklana svinja ili tele doma bez veterinar kazna od 300 do 600 evra

 

За земјоделците, колењето во домашни услови е вообичаена појава. Според нив, ќе помине долго време додека да се искорени иако инспекциите постојано се на терен и веќе има намалување на дивото колење. На ова влијае и фактот дека субвенции за свињи се добиваат само ако свињата се заколе во кланица. Законот за безбедност на храна вели дека сите животни треба да се колат во кланица.

Исклучок е само месото за домашна употреба. Во Агенцијата за храна велат дека за непочитување на наведеното се предвидени глоби.

Високи глоби

– За правно лице казната е 600 евра и уште 300 евра за одговорното лице во фирмата. За физичките лица казната е од 200 до 300 евра во денарска противвредност – велат во Агенцијата за храна. За да се намали колењето на диво лани Агенцијата подготви и летоци со кои ги советуваше луѓето да купуваат животни директно од одгледувалишта или од регистрирани добиточни пазари. Во Агенцијата велат дека има повеќе причини за домашното колење, од економски – оддалеченост на соодветни објекти за колење, цена на колење, транспортни трошоци, преку образовни – ниско ниво на образование на луѓето во одредени рурални средини, до религиозни како колење на животните за одредени верски празници.

Во услови кога во земјава има 10.000 села со 50.000 одгледувалишта и по стотина куќи во секое село, многу тешко некој ќе може да ја искорени оваа појава.

– Врз основа на одредбите од Законот за безбедност на храна и одредбите од подзаконските акти кои ја детаљно ја регулираат оваа материја, на пазарот може да се стави во промет само месо од здрави животни исклучиво заклани во кланици. Со стапување во сила на Правилникот за начинот на означување и декларирање на месото и производите од месо од говеда, овци, кози и свињи, можноста за ставање во промет на необележано месо е елиминирана поради воспоставената следливост на секое заклано животно. Во делот на примарното производство на храна за домашна употреба, предвидени се исклучоци со кои фармерите им е дозволено колење на животните кои се во нивна сопственост, надвор од кланица, но, месото од вака закланите животни е дозволено да се ористи единствено за домашна употреба – велат во Агенцијата за храна.

Во кланица 800 денари

Земјоделците велат дека колењето во кланица им е дополнителен трошок. Официјално велат дека секогаш викаат ветеринар да го прегледа животното, неофицијално речиси никогаш. Законската обврска колењето на животни што се во нивна сопственост, а чие месо е наменето исклучиво за сопствена употреба да го пријават на овластен ветеринар, најчесто ја избегнуваат.

– Прво проблем е високата цена за колење. Се движи од 800 до 1.500 денари. Има околу деветнаесет кланици низ Македонија, каде што може да се заколе животното и да се добие здравствен сертификат, кој потврдува дека животното е здраво. Но треба да се плати транспорт, одење до таму, враќање, колење, што значи педесетина евра. Во секое село нема ниту ветеринар за да може да го прегледа месото – велат сточарите.

За колење во кланица се добива документ

Животни што доаѓаат во кланица се придружени со здравствено уверение издадено од надлежниот ветеринар, со кое се потврдува дека животните се клинички прегледани и здрави. При пристигнувањето во кланица, сите животни подлежат на клинички преглед пред колење, со што се елиминира можноста месо од заболени животни да се стави во промет. Ако од официјалниот ветеринар се констатира дека животното покажува симптоми на болест, животното се изолира и не се дозволува колење.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close